Ансамбл за традиционална игра и песна

„Бојмија“

Гевгелија - Македонија

Во репертоарот на „Бојмија“ се среќаваат игри и песни од сите краеви на Македонија, па така богатото културното наследство се презентира во земјата и во странство. Досега членовите со свои настапи имаат учествувано на повеќе меѓународни фестивали:
2006 г. - Бурдур - Турција;
2007 г. Марина Ди Маса и Кампорџијано - Италија;
2008 г. Нова Руда - Полска;
2009г. Норма - Италија;
2010 г. Зонгулдак - Турција;
2011 г. Волбрум - Полска;
2012 г. Хаселт и Воселар-Белгија.
Исто така ансаблот „Бојмија“ има остварено повеќе културни размени и сорботки со други фолклорни ансамбли од Трстеник - Србија; Инџија-Србија; Добановце (Белград) - Србија; Кач (Нови Сад) -Србија; Јабланица-Босна и Херцеговина; Брчко-Босна и Херцеговина; Лудбрег-Хрватска .
Во другите соседни земји „Бојмија“ има настапувано и во Севлиево - Бугарија како и во Килкис и Архангелос во Грција, каде што учествуваше на фестивалот на црешите. Настапот во Архангелос во Грција беше дел од проектот на невладината организација УНДП за прекугранична соработка каде што оркестарот на ансамблот „Бојмија“ настапи заедно со оркестарот на домашниот ансамбл каде што беа презентирани 15 македонски познати песни. Во склоп на овој проект беше снимено аудио цд од настапот, а исто така беше издадена и книга.
Бојмија има настапувано и на домашни фестивали како „Оро без граници“ -Скопје; Фествалот на костените-Македонски Брод; Од цвет на цвет со оро и песна-Скопје и има настапувано на разни манифестации во општина Гевгелија и околината. Редовно Ансамблот организира целовечерни концерти. Во 2011 година ансамблот „Бојмија“ станува член на Сојузот на фолклорни ансамбли на македонија СОФАМ и зема учество на регионалните и државните смотри кои се во организација на СОФАМ.